Стајлинг на неделата #93: модерната пепелашка во деловно издание

30 март 2015

Кога модерната пепелашка ќе го соблече раскошниот фустан и ќе облече нешто попрактично, а ништо помалку тренди и шик, изгледа како Лили Џејмс во овој ултра модерен деловен стајлинг  со потпис од Алтузара.

Минималистички и едноставен, а истовремено аристократски изглед. Кошула со црно-бел графички принт и елегантно бело здолниште во „пенкало“ крој, финиширани со женствени црни салонки е идеален изглед за на работа.

Неутралната шминка и едноставната фризура го надополнуваат совршенството на минимализмот и во овој случај.

 

Објавено:
30 март 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот