Стајлинг на неделата #95: Пеплум-здолниште+сандали во интензивна боја

16 април 2015

holding-celeb-style-blake-lively

За овонеделниот стајлинг не' инспирираше убавата Блејк Лајвли. Со оглед на тоа дека ова е една од нејзините први модни комбинации во јавност после породувањето, за нас беше само повод повеќе.

Позната по добриот моден вкус, младата мајка и овој пат не не' разочара. Здолништето на преклоп со миди должина е со дезен во виолетово-сини нијанси, а дополнително го краси пеплумот. Бидејќи токму здолништето е најразиграно и весело парче во комбинација, Белјк одлучила да ја смири со едноставна блуза без ракави во црна боја.

Сандалите во интензивна виолетова боја одлично се вклопуваат во целокупниот изглед и ја освежуваат комбинацијата. Кога е накитот во прашање, изборот на актерката е една дискретна обетка.

Полн погодок за пролетната сезона.

Објавено:
16 април 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот