Стилски двобој на Софија Вергара
•
21 септември 2016
После наградите „Еми“, многу се зборуваше за црвениот килим, а меѓу другото и за стилот на Софија Вергара.
И додека едни се восхитуваа на фигурата и тоа како фустанот од „Версаче“ ѝ стои, како и тоа дека треба да го носи тоа што најдобро ѝ прилега, други коментираа дека е крајно време е да го смени стилот.
Комбинацијата бело-златно е изгледа една од нејзините омилени. Во 2014 година на забавата после „Оскарите“ носеше креација на Роберто Кавали, во истиот сирена крој.
Потоа, истата година и на „Еми“ наградите изборот падна на бел фустан со златни детали исто така, од модната куќа „Роберто Кавали“.
Како ви се допаѓа вас стилот на Вергара и кој фустан подобро ѝ стои?