Претпоследниот ден од работната недела поминете го во супер лежерна комбинација составена од само неколку клучни парчиња. Денеска носиме долг црн фустан со тенки прерамки и уживаме во топлото сонце! Истиот го комбинираме со рамни сандали со ремчиња во црна боја и кафена чанта што одлично ќе се вклопи во целата комбинација. Модните додатоци и денеска ги ставаме на пиедестал, па така носиме модерна алка со животински принт и очила за сонце со интересна форма.

Уживајте во претпоследниот ден од работната недела!

Објавено:
23 јули 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.288 пати