Вторник во бела кошула и карирано палто
•
19 март 2019
Вториот ден од работната недела се разбудивме со прекрасно сонце и навистина високи температури, па најверојатно можеме да кажеме дека пролетта е пристигната.
Денеска носиме шармантна бела кошулка на долги ракави со впечатливо копче во предниот дел, а истата ја комбинираме со кафени панталони со висок струк.
Одозгора, комбинацијата надополнете ја со карирано долго палто и чевли по ваш избор, а наши омилени денеска се рамните балетанки како прв избор во прекрасната пролетна сезона.
Имајте убав ден!
Фото: Pinterest