Вторник во бели панталони и нежна кошула
•
17 март 2020
Добро утро! Се надеваме дека се придржувате кон препораките и дека нè читате од своите домови. Ние денот го започнуваме стандардно со рубриката „Стајлинг на денот“, со цел да ве инспирираме и да ви дадеме идеја што да носите кога ќе се стабилизира ситуацијата или пак, доколку сте од оние што ќе имаат итна потреба да излезат.
Нашиот денешен предлог е една нежна комбинација. Стајлингот е составен од бели панталони со фалти и висок струк и нежна свилена кошула во пастелно розова нијанса.
Модни додатоци во слични нијанси и дискретен накит е она што ја заокружува комбинацијата.
Ви посакуваме убав ден, чувајте се и бидете совесни!