Добро утро. Веруваме сите имате впечаток како да е понеделник во вторник :) Новата работна недела ја започнуваме стандардно со рубриката „Стајлинг на денот“.

Бело широко здолниште и кошула на риги во сино-бела комбинација е нашиот денешен предлог. За да биде уште повпечатлива, помага марамата и ременот околу половината.

Шешир, очила за сонце, чанта со мрежа и мокасини се изборот на модни додатоци со кои е заокружена комбинацијата. Вие направете си ваша и уживајте во летните топли денови.

Објавено:
4 август 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
558 пати