Добро утро. На повеќето од вас ви е понеделник во вторник и се надеваме дека со нас го пиете утринското кафе. 

Во предлогот за стајлинг на денот за овој втоник доминира црната боја. 

Црни фармерки или панталони се задолжително парче во гардероберот на секоја жена. Искомбинирани се со црна ролка и црни чизми до глужд.

На сето тоа, додаден е капут со комбинација на кариран и пепито дезен, што одлично го освежува остатокот од стајлингот.

Очила за сонце и чанта во некоја друга нијанса, или пак волуменозен шал, се модни додатоци со кои можете да ја заокружите комбинацијата.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
10 декември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.408 пати