Вториот ден од работната недела поминете го во малку похрабра комбинација составена од бело фустанче со неодоливи црвени детали по површината и еспадрили во иста нијанса. Утрово се разбудивме со малку повисоки температури и сонце во нашиот град, па имаме малку повеќе храброст да облечеме полесна комбинација. Надополнете го изгледот со шик чантичка во црвено – бели пруги со неодоливи летни апликации, црвен кармин и шик очила за сонце.

Уживајте во сончевиот ден!

Објавено:
10 мај 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
383 пати