Вторник во црвено карирано здолниште и маичка на куси ракави
•
23 јули 2019
Вториот ден од работната недела е со ултра високи температури уште рано наутро, па да одбереме комбинација составена од парчиња во кои ќе уживаме.
Денеска одбравме лежерно здолниште во карирана, црвена нијанса со копчиња во предниот дел и карнер под колената.
Здолништето го комбинираме со едноставна бела маичка на куси ракави со натпис во предниот дел и секако, за комбинацијата да биде уште поудобна, додадете бели патики.
Стилската комбинација истакнете ја со малечка чантичка во црвена нијанса и очила за сонце.
Уживајте во денот!
Фото: Pinterest