Вторник во цветен фустан и кошула
•
18 август 2020
Добро утро. Денешниот стајлинг е за оние што не се плашат да си играат модно и да комбинираат принтови и бои.
Комбинацијата е составена од цветен фустан со должина под колена, а врз него има долга кошула на риги.
Иако се работи за два различни принта, тоновите се одлично усогласени и функционираат заедно. Воедно, оние што се љубители на еклектичниот стилски израз ќе умеат да го износат, а оние што можеби и не се толку смели, ова може да биде инспирација да пробаат.
Ременот од кошулата ја нагласува половината, а жолтите сандали внесуваат уште една доза веселост.
Токму таков и нека ви биде денешниот ден.