За денешната вторничка комбинација одбравме долг плетен фустан во сива боја, сигурен избор кога сакате да изгледате елегантно во зима. 

Фустанот може да го искомбинирате со капут во беж боја и црни, кадифени чизми над глужд. Ваква класична спојка одговара за речиси секаква прилика.

Можете, доколку сакате да додадете и шал, но и без тоа овој вторнички стајлинг ќе биде полн погодок.

Фото: Pinterest

Објавено:
17 јануари 2023
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.133 пати