Добро утро. Надвор е студено и сиво, па ние се одлучивме нашата предлог-комбинација да вклучува сончеви нијанси.

Панталони со висок струк се супер идеја ако сакате да ја нагласите половината и генерално фигурата. Во примерот се во светла нијанса со фалти во горниот дел и линии од страните во потемни нијанси, а во комбинација со топол џемпер во жолта нијанса.

На ова додадете чизми до глужд и капут и нека овој ден ви биде весел и топол.

Објавено:
10 ноември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
997 пати