Добро утро. Јуни започна студено и со дожд, но тоа не значи дека ние не можеме да се вооружаме со добро расположение и енергија и да му пркосиме на времето.

Исто така, можеме и да бидеме супер дотерани, без оглед на временските услови. Нашиот предлог за инспирација е комбинација составена од фармерки и бела блуза.

На тоа е додаден тегет блејзер и чанта со слична нијанса.

Модните додатоци се тие што ја прават комбинацијата впечатлива - беретката и чевлите со висока потпетица се во црвена нијанса и ѝ даваат доза на впечатливост.

Додадете и кармин во иста нијанса и уживајте во денот!

Објавено:
1 јуни 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
470 пати