Вторник во џинс + џемпер + зимско сако
•
12 јануари 2021
Добро утро. Ако им веруваме на прогнозите, студеното време ќе се задржи некое време, а се надеваме дека ќе му се израдуваме и на снегот.
Нашата денешен предлог комбинација е слоевита и топла.
Составена е од џинс во случајов бел, кој е во комбинација со топол џемпер во сина нијанса, а врз тоа е додаено широко и волуменозно зимско палто, кое може да биде изработено од букле, волна или некоја потенка чоја.
Чизми до глужд се изборот на обувки, додека пак чантата е мала и во кафена нијанса.
На сето ова секако додадете капут и некој од зимските модни додатоци.
Ви посакуваме убав ден.