Добро утро! Убавото време ќе нè послужи и денес, па затоа нашиот денешен предлог за стајлинг на денот е по малку и пролетен.

Џинс се секогаш супер основа за различни комбинации, а можете денес да ги искомбинирате со бела блуза и долго палто во пастелно сина нијанса.

Во случајов, изборот на обувки се масивни патики, но доколку не сте обожавател на патики, заменете ги со чизми до глужд или чизми на врзување.

Чанта и очила за сонце, како и дискретен накит се модните додатоци со кои можете да го заокружите изгледот.

Уживајте во денот!

Објавено:
4 февруари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.215 пати