Нашиот денешен предлог е една урбана и полежерна комбинација, која веруваме ќе ви се најде во повеќе пригоди.

Се одлучивме за џинс со прав крој, кој го комбинираме со бела маичка и карирано сиво палто. Ракавите на палтото можете да ги подвиткате, а и не морате, оставаме на вас.

Комбинацијата ја заокружуваме со кафени чизмички до глужд и капче во истата нијанса, како и очила за сонце.

Бидејќи времето сепак не е за само по плато, иако го нема на фотографијата, на крајот додадете волуменозен капут и подготвени сте да излезете.

Имајте убав ден!

Објавено:
5 февруари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
729 пати