Добро утро. Надвор времето е тмурно, но не мора да биде и нашето расположение. Токму затоа ние одбравме парче во жолто-златна нијанса, која ќе им пркоси на облаците :)

Комбинацијата е составена од фармерки и маичка, а мантилот од кадифе во споменатата нијанса е она парче што ја прави впечатлива.

Инаку, кадифените мантили се посебно популарни сезонава и на Инстаграм можете да видите многу примери како се комбинираат и во какви се' бои се достапни. Овој стајлинг е само една од опциите и инспирација како можете да го носите.

Беж чевли на потпетица се изборот на обувки. Останатите модни додатоци комбинирајте ги според пригодата.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
23 јуни 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
586 пати