Вториот ден од работната недела повторно прекрасен со сонце и високи температури за овој период од годината. Сега е вистинско време да ги искористиме сите неодоливи парчиња кои нема да можеме да ги носиме во текот на зимата.

Денеска комбинираме џинс во светла нијанса со едноставна бела маичка со натпис врз која носиме впечатливо розово палто со копчиња во златна нијанса.

На комбинацијата ѝ додадовме едноставни бели патики и чанта во малку посветла нијанса, а косата ја „украсивме“ со стилска плетенка.

Уживајте во денот и прекрасното октомвриско сонце.

Објавено:
15 октомври 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
621 пати