Добро утро. Се надеваме дека не' читате во добро здравје и расположение. Ние и овој вторник го започнуваме со утринската рубрика „Стајлинг на денот“.

Нашиот денешен предлог-стајлинг е полежерен, но тренди и идеален за овие есенски денови.

Одберете ги вашите омилени фармерки и искомбинирајте ги со долга кошула, на што ќе додадете топол џемпер во некоја нежна нијанса. Во случајов е беж, но можете да одберете и нијанса на лаванда, или пак жолта, розова...

На тоа додадете чизми до глужд, во случајов се работи за модел на таканаречените „војнички чизми“ кои се апсолутен тренд сезонава.

Стајлингот заокружете го со чанта и мантил.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
27 октомври 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.050 пати