Добро утро. Инспирирани од сонцево утринава, пронајдовме стајлинг во сончева нијанса.

Комбинацијата е составена од џинс во широк крој и бела класична кошула, со долги манжетни и малку набрани ракави, совршено парче за многу пригоди.

На тоа е додадено кратко плетено елече, еден од актуелните трендови. Кога се модните додатоци во прашање, чевли во беж нијанса, златно синџир-ланче одлично ја надополнуваат комбинацијата.

Вие направете ваш избор на парчиња во овој стил и прилагодете го на вашиот естетески сензибилитет.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
30 март 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
310 пати