Добро утро. Денеска сме во џинс расположение.

Нашата денешна комбинација за инспирација е составена од фармерки со висок струк и тексасна кошула со карнери, модел кој е исклучително популарен сезонава.

Ремен, дискретен накит и обетки во слична нијанса со ременот се модните додатоци кои совршено се вклопуваат.

Изборот на обувки може да биде различен - патики, сандали, еспадрили...

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
8 јуни 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
362 пати