Вторник во елегантна и ултра женствена комбинација
•
22 ноември 2016
Вториот ден од работната недела го дочекавме со слични температури како вчерашните што значи дека и денеска треба добро да се подготвиме и да се заштитиме од студот, но истовремено да бидеме и супер стилски. Денеска носиме широки црни панталони до над глуждовите и ги комбинираме со оваа неодолива свилена блузичка со цветни апликации по површината. За комбинацијата да биде уште постилска, задолжително комбинирајте го и ова кадифено палто со впечатливи златни копчиња и обетки во слична нијанса. Чантата е од сличен материјал како и палтото, а чизмите се до над глуждовите и се совршен пар на панталоните. Украсете го лицето со овој кармин во неодолива црвена боја и уживајте во денот!