Овој прекрасен вторник поминете го во удобна комбинација составена од лежерни фармерки и жолто тенко џемперче. Комбинирајте ги со куси чизмички во кафена боја и шапка во потемна нијанса. Одберете и интересно ланче што одлично ќе се вклопи со жолтото џемперче. Усните денеска нека бидат розови, а останатата шминка многу едноставна.

Објавено:
22 септември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.965 пати