Вториот работен ден од неделата го дочекавме со малку пониски температури, а тоа значи дека и денеска без проблем може да носиме некое малку потопло парче. Овој вторник, одберете плетен фустан во пруги како едно од омилените парчиња за сезоната што измина, а комбинирајте го со црна кожена јакна која е одлична за ова време од годината. Без двоумење, комбинацијата надополнете ја со овие рамни црни чевли и чанта во иста нијанса како обувките. Задолжителни и за денеска се очилата за сонце во некоја шик форма, а секако, кога станува збор за шминката, единствено потребен ни е карминот во некоја впечатлива нијанса. 

Објавено:
28 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
699 пати