Вторник во фармерки + џемпер + кариран капут
•
11 јануари 2022
Добро утро.
За овој вторник одбравме предлог комбинација за инспирација во склад со временските услови - топла и удобна.
Искомбинирајте ги омилените фармерки, на фотографијава се со поширок крој, со топол подебел џемпер со ролка.
На тоа додадете кариран капут, доколку имате, ако немате таков тогаш нека биде некој во боја.
Чизми, чанта и зимски модни додатоци ќе го надополнат и заокружат изгледот.
Ви посакуваме убав ден.