Добро утро. Денешниот ден го започнуваме со предлог-комбинација во црвена боја. Се работи за одличен летен фустан во бохо стил.

Кројот е широк, но затоа има ремен на средината со кој се нагласува половината. Везените етно детали ѝ даваат впечатливост на креацијата.

Во конкретниов случај е во комбинација со сандали, но и еспадрили би биле добар избор на пример.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
11 август 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
452 пати