Овој вторник одбравме стајлинг што ќе биде најава за претстојната сезона, а може да се комбинира и во текот на летните и за време на есенските денови.

Се работи за романтично фустанче со ситен принт, во лежерен крој со ¾ ракави.

Многу е едноставен за комбинирање, па затоа едно вакво парче во вашиот плакар може да биде решение во различни ситуации кога немате идеја што да облечете.

Може да го комбинирате со шешир и чизми до глужд или пак со отворени сандали или патики, во зависност од приликата.

Уживајте во денот.

Објавено:
27 август 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
442 пати