Добро утро. И овој ден го започнуваме со нашата стандардна рубрика, „Стајлинг на денот“. Нашиот предлог-стајлинг за инспирација овој пат е кошула фустан со пинт, во конкретниов случај во беж и црна комбинација.

Фустанот во долниот дел има и карнер и е со широк крој, па можете да се носи и лежерно и со ремен. Во комбинација е со црна кожена јакна и црни чизми до глужд на врзување, како и мала чанта за преку рамо.

Вие одберете го вашиот омилен фустан и направете слична комбинација доколку ова одговара на вашиот моден сензибилитет.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
6 октомври 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.559 пати