Добро утро. Конечно имаме вистинско летно време. Затоа и денешнава комбинација е лесна и соодветна за високи температури.

Нашиот предлог е фустанче во нежна портокалова нијанса, кое во предниот дел е на копчиња. На рамениците е со мали карнери, кои му даваат романтичен изглед, а ременот околу половината прави уште повеќе да ја нагласите.

Еспадрили ќе бидат совршен избор на обувки за овој модел, а поради силното сонце, шапка и очила за сонце се модните додатоци без кои не излегувајте од дома.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
30 јуни 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.120 пати