Добро утро. Овој вторник го започнуваме со елегантно и женствено издание. Нашиот предлог-стајлинг за инспирација е составен од црно-бело фустанче со јака и копчиња во предниот дел.

Во А-крој, и оваа комбинација на бои изгледа нежно и е добар избор за потопли есенски денови.

Со чевли на потпетица и мала чанта, ќе добиете елегантен изглед.

Погледнете во гардероберот дали имате нешто слично во однос на крој или комбинација на бои и искомбинирајте го по свој моден вкус.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
28 септември 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
672 пати