Вторник во кафени нијанси
•
27 октомври 2015
Иако утрово се разбудивме со малку пониски температури, тоа не значи дека немаме добра причина да облечеме здолниште. Денеска носиме плисирано во прекрасна кафена нијанса и го комбинираме со топло џемперче во неколку бои. Бидејќи времето е студено, комбинацијата надополнете ја со крзнено елече со ременче на половината. Во сезоната на чизми, носиме кафени со висока потпетица и мини чантичка во иста боја. Црвениот кармин совршено ќе ја надополни целата модерна комбинација.