Вториот ден од работната недела поминете го во шик фустанче во кафена нијанса, изработено од антилоп како еден од омилените материјали сезонава. Комбинирајте го со чизмички до глужд во иста нијанса и тексас јакничка чија боја одлично ќе се вклопи во стајлингот. Разиграјте ја комбинацијата со бохо ѓердан и чанта со реси, а секако на ова прекрасно сончево време, не заборавајте ги и очилата за сонце. 

Објавено:
22 март 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
870 пати