Вторник во капут со широк ремен
•
26 ноември 2019
Добро утро! Веруваме дека сите сте расонети добро од земјотресот што е главна тема утринава. Сепак, ние овој вторник ќе го започнеме со нашата стандардна рубрика за стајлинг на денот.
Кафени панталони и ролка се основата на стајлингот, но она што го издвојуваме и е во фокус е долгиот капут во есенски тонови. Неговата убавина и форма уште повеќе се истакнува со широкиот кафен ремен околу половината, со што добивате тренди и урбана комбинација.
Кафени чизми до глужд, качкет со патент и темнокафена чанта во интересна форма се модните додатоци со кои е заокружен стајлингот.
Ви посакуваме мирен и сталожен ден!