СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Вторник во кардиган и плисирано здолниште

8 ноември 2022

Добро утро!

Како одговор на тмурното време, за денешниот ден одбираме комбинација во која ќе се чувствуваме убаво и пријатно. Едноставен црн кардиган со копчиња и длабоко деколте со V-израз ќе изгледа одлично во комбинација со сино плисирано макси здолниште.

Околу половината врзете црн кожен ремен кој ќе го припие гардиганот кон вашето тело и ја дефинира вашата форма. Комплетирајте го изгледот со елегантна црна чанта, впечатливи црни чизми до глужд со светки, и секако, не го заборавајте вашето палто.

Уживајте во денот.

Објавено:
8 ноември 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
887 пати