Вториот ден од работната недела го дочекавме со дожд и облачно време во градот, па задолжително треба добро да се заштитиме.

Денеска носиме едноставни тесни фармерки во темна нијанса и ги комбинираме со карирана кошула во сина нијанса која совршено одговара со елечето.

Комбинацијата надополнете ја со високи чизми за дожд во темно зелена нијанса и мини чантичка која одлично се вклопува во целиот денешен стајлинг.

Утрата се навистина свежи, па доколку сметате дека е потребно, на комбинацијата додадете ја и омилената зимска јакна.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
27 ноември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
591 пати