Утринските температури не' потсетуваат дека допрва не' очекува студено време. Токму затоа, нашиот денешен предлог е топла комбинација која може да ви послужи како инспирација и за денес и за некој друг ден можеби.

Карирани панталони се парче кое ќе доминира и оваа есенска сезона. Во конкретниов случај се во кафени нијанси, а во комбинација со бел волуменозен џемпер. 

Чантата е исто така во кафена нијанса, а иако ги нема на фотографијата, додадете чизми до глужд и мантил одозгора и подготвени сте.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
20 октомври 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.286 пати