Добро утро. Се надеваме дека овој вторник го започнавте расположени. Ние го започнуваме со предлог стајлинг за инспирација.

Карирани панталони се актуелно парче и оваа есен, па извадете ги омилените од гардероберот и искомбинирајте ги со бела кошула и џемперче.

Мантил и есенски обувки, како и чанта во склад со останатите тонови од стајлингот,  ќе ја заокружат комбинацијата и ќе добиете тренди изглед, а сепак складен и за на работното место.

Ви посакуваме успешна работна недела.

Објавено:
12 октомври 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.536 пати