Вторник во карирано миди здолниште + маица + кратка јакна
•
2 март 2021
Добро утро. Уште еден сончев ден пред нас, па зошто да не го искористите и да се дотерате убаво.
Нашиот денешен предлог е карирано здолниште со миди должина. Во горниот дел е со копчиња, а завршува со плисе. Во комбинација е со маица со кратки ракави и кратка кожена јакна со висока руска јака.
Чевли во сина нијанса што се одлично освежување и се добар спој со здолништето се во примерот, но вие искомбинирајте ги боите според вашите можности и парчиња кои ги имате во гардероберот.
Чанта во некоја интензивна нијанса дополнително ќе ја направи комбинацијата впечатлива.
Ви посакуваме убав ден.