Денот посветете го на ефективните детали. Така ќе го освежите изгледот и ќе го „зачините" со вашата автентичност.

Нашиот денешен предлог е слоевита комбинација во која акцентот е на впечатливата марама, чизмите и чантата.

Елегантниот кариран блејзер е комбиниран со бела кошула и панталони во окер нијанса, со што заокружуваме една стилска целина која може да биде соодветна и како деловен аутфит.

Објавено:
12 ноември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
922 пати