Добро утро. Се надеваме дека и ова утро не' читате во добро здравје и расположение. Ние го започнуваме денот со стандардната рубрика за инспирација, „Стајлинг на ден“.

Нашиот денешен предлог е топла есенска комбинација. Составена е од карирано миди здолниште, кое во предниот дел има копчиња и е асиметрично и топол џемпер со ролка.

На тоа се додадени црни високи чизми, а вие можете да ги смените со модел до глужд доколку преферирате такви и чанта. Боите искомбинирајте ги во согласност со вашата комбинација. Во случајов џемперот тегет, чизмите црни, а чантата кафена. Здолништето е тоа што ги поврзува сите парчиња и сите прават складна модна композиција.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
16 ноември 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.832 пати