Добро утро. Тоа што надвор ни недостасува сонце, не значи дека овој месец не можеме да го започнеме со добро расположение.

Нашиот денешен предлог за инспирација е тесно карирано здолниште, кое е во комбинација со жолт џемпер со ролка, кој ќе внесе ведрина и топлина.

На тоа додадете капут, чизми, ако сте љубител на шапки или качкети, можете да ги вклучите и овие модни додатоци  и секако чанта.

Ви посакуваме убав почеток на месецот!

Објавено:
1 март 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
745 пати