Добро утро. Се надеваме дека се одморивте за празниците и дека денеска со нова енергија ја започнувате неделата.

Ние ја започнуваме стандардно со предлог-стајлинг на денот.

Нашиот избор за инспирација овој пат е една женствена комбинација која може да биде ваш избор и за на работа или пак за некоја друга пригода.

Одберете класична кошула, во случајов е во светлосина нијанса и широко здолниште со миди должина. На фотографијата е со цветен дезен и во црвени нијанси, но вие прилагодете ја комбинацијата на вашиот плакар.

Сандали на висока потпетица и чанта во слична нијанса со здолништето, како и очила за сонце се модните додатоци со кои е заокружена комбинацијата.

Ви посакуваме убав ден и успешна работна недела.

Објавено:
4 мај 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
596 пати