По празничниот одмор, денеска е време да се вратиме во секојдневието, иако времето налага уште некој ден одмор! Со оглед на тоа што утрово се разбудивме со дожд и малку пониски температури, разубавете го денот со оваа колоритна комбинација која ќе внесе свежина во сѐ што ќе правите. Денеска носиме стилски фармерки со висок струк и ги комбинираме со жолто џемперче со сина јака. Комбинацијата надополнете ја со овие слатки сини чизмички за дожд и чантичка во слична нијанса. Задолжително со себе понесете си и јакна што одлично ќе се вклопи во комбинацијата.

Ви посакуваме успешен старт на работната недела!

Објавено:
3 мај 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
742 пати