Добро утро. Вторников го боиме во сини нијанси. Нашиот денешен предлог е кошула фустан на риги. Идеален е за летни прошетки, во ваков модел ќе изгледате дотерано, но истовремено и лежерно.

Ќе постигнете ефект на впечатлив изглед, но без премногу да се трудите. Карнерите во долниот дел на здолништето му дава дополнителна романтична нота.

Влечки, сандали, еспадрили... одберете ги вашите омилени и пред се' удобни обувки и уживајте во летните денови.

 

 

Објавено:
14 јули 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
682 пати