Вторник во кошула со точки и розови панталони со висок струк

30 јули 2019

Нема ништо поубаво од некој студен ден во екот на летото, за да се разладиме и малку да се одмориме од високите температури.

Денеска е токму тој ден, па веднаш се сетивме дека можеме да ја комбинираме омилената кошулка со долги ракави, овојпат на бела основа со црни точки.

Кошулата ја комбинираме со панталони со висок струк во неодолива розова боја, а за комбинацијата да биде уште поколоритна, одбравме и високи потпетици во сина нијанса.

Доколку сте расположени за накит, одберете обетки по ваш избор или некоја соодветна алка или прстени.

Имајте убав ден!

Објавено:
30 јули 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
365 пати