Добро утро. За овој вторник имаме тренди комбинација. Кожата е апсолутен хит кога се материјалите во прашање, па предлог-стајлингот за денес во фокус има кожено здолниште.

Искомбинирано е со бела кошула и чизми до глужд, а вие можете да одберете и модел до колена.

Стајлингот е заокружен со црн капут, чанта, а на кошулата има и мал детаљ - тенка панделка, која дава женствена нота. Вие можете да ја замените и со некој брош доколку сте љубител на такви модни додатоци.

Ви посакуваме убав ден!

 

фото: Pinterest.com; 

Објавено:
24 декември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.565 пати