Вторник во крем комбинација и палто од животински принт
•
5 март 2019
Вториот ден од работната недела го посветуваме на деталите со животински принт, па така денеска парчињата во крем нијанса ги истакнуваме со едно такво, впечатливо палто.
Носиме елегантни крем панталони и џемперче во иста нијанса, а одозгора шик палто со животински принт.
Со ист дезен се и рамните чевли што ги носиме денеска, а чантата е во кафена нијанса и доволно голема да ни собере сè што ни е потребно.
Имајте убав ден!