Добро утро! Овој ден го започнуваме со комбинација со една од актуелните бои за сезонава - студено сина.

Се работи за монохроматска комбинација, која е вистински тренд, а може совршено да се вклопи во деловниот изглед.

Комбинацијата е составена од тесно мини здолниште и блуза. Капутот е во иста должина со здолништето, а има и детали од крзно. Салонки и голема чанта се модните додатоци со кои е заокружен стајлингот.

Ви посакуваме убав ден! 

Објавено:
14 јануари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.048 пати