Вторник во лежерна бохо комбинација
•
26 јули 2016
Вториот ден од работната недела го дочекаме со малку пониски и прекрасни температури кои ќе ни овозможат денеска да ја облечеме омилената бохо кошулка со малку подолги ракави. Бидејќи таа сама по себе е доволна, комбинирајте ја со едноставни тесни фармерки и затворени чевли со кои ќе се спасите од дождот каде и да одите. Чантата е супер тренди во бела нијанса, а шминката секогаш нежна и совршено шармантна.
Уживајте во дождот!